понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 104
home Вести

На 100 година почина најпознатиот американски проповедник

На 100 година почина најпознатиот американски проповедник

Најпознатиот американски христијански проповедник во историјата, свештеникот Били Грејем денеска почина на 100 години во својот дом во Северна Каролина.

Свештеникот Грејем, кој со своите проповеди и активизам го смени религискиот живот на Американците, беше и советник на претседателите на САД – Двајт Ајзенхауер и Џорџ Буш помладиот.

Благодарение на Грејем евангелизмот во САД стана ривал на либералниот протестантизам и католицизам.

Поранешниот американски претседател Роналд Реган во 1983 година го одликува Грејем со Претседателски медал за слобода, најголемо цивилно одликување во САД, а на отворањето на музеј и библиотека со неговото име во 2007 година присуствуваа Џорџ Буш постариот, Џими Картер и Бил Клинтон.

Проповедите на Грејем ги слушаа до еден милион луѓе преку телевизиските преноси, радио, колумни и филмови.

Локални избори 2021