четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 0
home Вести

Мун: Ким сака целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

Мун: Ким сака целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун планира да ги стави надвор од употреба сите нуклеарни оружја, материјали и постројки, со цел да се постигне „целосна“ денуклеаризација, изјави денеска јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин.

– Мун исто така додаде дека Пјонгјанг и Вашингтон имаат работни консултации за да се договорат за вториот самит на севернокорејскиот лидер Ким и американскиот претседател Доналд Трамп, откако ќе завршат изборите во САД, објави канцеларијата на јужнокорејскиот претседател.

По третиот состанок со Ким во Пјонгјанг во септември, Мун изјави дека Северна Кореја е подготвена да покани меѓународни експерти да го надгледуваат затворањето на полигонот за ракетни тестирања и дека ќе го затвори главниот нуклеарен комплекс, ако Вашингтон преземе реципрочни акции.

Мун во интервју за  Би-Би-Си оцени дека тие акции би можеле да вклучат отворање американска канцеларија за врски во Северна Кореја, доставување на хуманитарна помош и размена на економски експерти. (МИА)