четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 135
home Вести

Мултимилионер е осуден на доживотен затвор, ја убил пријателката бидејќи била сведок на нешто монструозно

Мултимилионер е осуден на доживотен затвор, ја убил пријателката бидејќи била сведок на нешто монструозно

Богатиот американски наследник Роберт Дарст, познат по документарецот на телевизијата HBO, е осуден на доживотен затвор во судот во Лос Анџелес без можност за помилување, за убиство на неговиот најдобар пријател.

Мултимилионерот (78) е прогласен за виновен во септември за убиство на неговата пријателка Сузан Берман во нејзиниот дом во Беверли Хилс во 2000 година, за да ја спречи да и каже на полицијата за исчезнувањето на неговата сопруга Кетлин две децении претходно.

„Тоа злосторство е убиство на сведок“, рече судијата Марк Виндам пред изрекувањето на пресудата.

„Таа околност во голема мера го отежна тоа страшно и вознемирувачко злосторство“, додаде судијата.

Судијата го одбил барањето на одбраната за ново судење, оценувајќи дека има доволно застрашувачки докази за неговата вина.

Судот го сослушал и синот на жртвата. Роднините на Сузан Берман го молеле на суд да каже каде е телото на неговата сопруга Кетлин.

Тој се изјаснил за невин.

За време на судењето, Роберт Дарст, седел речиси неподвижен во својата инвалидска количка.

Обвинителите веруваат дека Сузан Берман му помогнала на Роберт Дурст да ја прикрие неговата улога во убиството на неговата сопруга Кетлин и дека Дарст ја убил Берман за да ја спречи да им каже на полицајците во Њујорк, кои го истражуваат исчезнувањето на неговата сопруга во 1982 година.

Црната овца на едно од најголемите њујоршки семејства, Роберт Дарст, е уапсен во март 2015 година, пред емитувањето на последната епизода од биографскиот документарен филм во шест дела на ХБО „Џинкс“.

Серијата се занимавала со уште една крвава епизода од животот на Роберт Дарст, убиството на сосед кога подоцна го распарчил и го фрлил во морето. Тој бил ослободен од обвинението за кривичното дело, благодарение на армијата најскапи адвокати кои го бранеле врз основа на различни аргументи, вклучувајќи легитимна одбрана, случајно испукување на куршум и дела извршени под дејство на алкохол.

Во документарниот филм „Џинкс“, се чинело дека Дарст ненамерно ја признал вината, кога промрморе во себе додека бил во тоалет и неговиот безжичен микрофон не бил исклучен: „Што направив, очигледно ги убив сите“.

Коронавирус