среда, 24. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Му пречел огнометот, па почна крвав пир: Си ја убил сопругата, застрелал дете и сосетка (ВИДЕО)

Му пречел огнометот, па почна крвав пир: Си ја убил сопругата, застрелал дете и сосетка (ВИДЕО)

Полицијата во Детроит соопшти дека по повеќе од 30 часа заврши драмата во која е повредено и едно 10 годишно дете.

Целата драма почнала поради соседска кавга за огномет на 4. јули. Соседот бурно реагирал на огнометот во соседството. Почнал да пука кон соседите и застрелал едно 10 годишно девојче и 62 годишна жена.  Кога дошла полицијата, тој се затворил во куќата, од каде пукал кон нив и кон соседите.

Жената и девојчето биле пренесени во болница со прострелни рани  но не се во критична состојба. Мажот останал во куќата и повремено пукал во полицијата, кога сакале да се приближат.

Преговорите со него траеле над 30 часа. Во еден момент 60 годишниот маж пукал во себе. Кога влегла полицијата во куќата, нашле мртва и 58 годишна жена, за која претпоставуваат дека е неговата сопруга.