сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 48
home Вести

Москва тврди дека вакцината Спутник V е многу ефикасна против новата варијанта на коронавирусот

Москва тврди дека вакцината Спутник V е многу ефикасна против новата варијанта на коронавирусот

Директорот на рускиот Фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев изјави дека првата регистрирана вакцина против коронавирусот Спутник V е многу ефикасна против новата варијанта, пронајдена во Велика Британија.

Тој тврди дека вакцината е исто толку ефикасна против новата мутација, како што е и против другите постоечки соеви.

– Спутник V во повеќе наврати ја покажа својата ефикасност и покрај претходните мутации на С-протеинот, изјави Дмитриев пред новинарите.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков посочи дека Русија ги следи најновите информации од британските научници за новата варијанта на коронавирусот.

Коронавирус