вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 120
home Вести

Москва се закани дека ќе го блокира ЈуTјуб

Москва се закани дека ќе го блокира ЈуTјуб

Рускиот надзорен орган на медиумите Роскомнадзор се закани денеска дека ќе го ограничи пристапот до Јутјуб, откако платформата за споделување видеа го блокираше каналот на германски јазик на државната телевизија РТ.

Медиумскиот регулатор го обвини Јутјуб за цензура, нагласувајќи дека може да се издаде предупредување за кршење на правото на слобода на изразување.

– Законот предвидува мерки за целосно или делумно ограничување на пристапот“ доколку овие предупредувања се игнорираат, се наведува во соопштението на Роскомнадзор.

Коронавирус