вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 46
home Вести

Москва и со затворска казна ќе се бори против ширењето на коронавирус

Москва и со затворска казна ќе се бори против ширењето на коронавирус

Локалната власт на Москва најави дека лицата кои се вратиле од земјите погодени со новиот коронавирус, а не се изолирале во своите домови на две недели, ќе бидат казнети и до пет години затвор.

Властите прогласија висок степен на тревога и воведоа дополнителни мерки со цел да го спречат ширењето на Ковид-19 во Русија.

–Лицата кои се вратиле од Кина, Јужна Кореја, Иран, Франција, Германија, Италија, Шпанија и други земји каде има евентуални неповолни знаци на новиот коронавирус, треба да се самоизолираат 14 дена, соопшти Градското собрание на Москва.

Секретаријатот за здравство соопшти дека за лицата кои ќе го прекршат правилото следи тешка казна, вклучително и затворска казна до пет години.

Во Русија досега се регистрирани 15 пациенти со новиот коронавирус.

Коронавирус