среда, 1. декември 2021. Вести денес: 141
home Вести

Московски суд одлучи осомничениот за шпионажа Велан да остане во притвор

Московски суд одлучи осомничениот за шпионажа Велан да остане во притвор

Американскиот државјанин Пол Велан, кој беше уапсен во Русија под сомнение за шпионажа, останува во притвор, одлучи денеска московски суд.

Поранешниот маринец од Мичиген, Велан, кој беше уапсен на 28 декември минатата година, бараше да биде пуштен со кауција.

Адвокатот на Велан, Владимир Жеребенков претходно изјави дека може да потврди дека во “времето на притворање, Велан имал имал некои документи со државни тајни“, додавајќи дека „не може да објави детали“.

Во Русија за обвиненија за шпионажа е предвидена затворска казна до 20 години.

Братот на Велан изјави дека тој отпатувал во Москва за да присуствува на свадба.

Коронавирус