петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 148
home Вести

Морничава порака од добитникот на Нобелова награда за мир

Морничава порака од добитникот на Нобелова награда за мир

Премиерот на Етиопија, Аби Ахмед вети: „Ќе ги погребаме непријателите со нашата крв“, по повод една година од почетокот на војната во Туграј.

Ахмед зборуваше еден ден по прогласувањето вонредна состојба во земјата, а силите на Тиграј се заканија со поход на престолнината, потсетува Ројтерс.

„Јамата што е ископана ќе биде многу длабока, таму непријателот ќе биде закопан, а не таму каде Етиопија се дезинтегрира“. порача Ахмед во воениот штаб на Адис Абеба.

„Ќе го погребеме овој непријател со нашата крв, коски и повторно ќе ја направиме Етиопија славна“, рече добитниок на Нобеловата награда за мир за 2019 година.

Со минута молк и палење свеќи оддадена е чест во знак на сеќавање на загинатите од 3 ноември 2020 година, кога силите лојални на Народноослободителниот фронт Тиграј ги зазедоа воените бази во Тиграј.

Коронавирус