вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 102
home Вести

МОРБИДНИ ФОТОГРАФИИ: Во Барселона наместо автомобили катните гаражи се претворија во капели со илјадници ковчези

МОРБИДНИ ФОТОГРАФИИ: Во Барселона наместо автомобили катните гаражи се претворија во капели со илјадници ковчези

Корона вирусот секојдневно во Шпанија зема по стотици животи. Црниот биланс вчера изнесуваше 950 луѓе со што бројот се искачи на 10 илјади починати во оваа земја.

Погребните фирми веќе со недели не можат да постигнат да ги погребат мртвите тела на луѓето кои се жртви на овој смртоносен вирус.

Поради овие проблеми властите во Барселона биле принудени една јавна гаража да ја претворат во привремена капела.

Објектот се простира на 5 илјади квадратни метри и истиот служи за складирање на ковчезите со телата на починатите. Во моментов во гаражата има 1.800 ковчега и ова е најголемата капела во Шпанија и Европа.

-Во гаражата во моментов имаме дури 2.000 ковчега, а планот е да се прошири капацитетот и овде и во другите објекти ширум државата, велат властите во Шпанија.

Коронавирус