среда, 30. септември 2020. Вести денес: 12
home Вести

Моравецки: Поранешните комунистички земји во ЕУ се уште имаат потреба од поддршка од ЕУ фондовитe

Моравецки: Поранешните комунистички земји во ЕУ се уште имаат потреба од поддршка од ЕУ фондовитe

Полскиот премиер Матеуш Моравецки изјави дека поранешните комунистички земји, кои се членки на ЕУ, се уште имаат потреба од високи нивоа на финансирање од фондовите на Унијата за да го достигнат животниот стандард на нивните западни партнери.

На заедничка прес-конференција со словачкиот премиер Петер Пелегрини, кој е во посета на Варшава, Моравецки рече дека државите од Источна Европа се уште се позаостанати од Западот, затоа што после Втората светска војна немале „среќа“ да можат целосно економски да се развиваат.

Полският премиер истакна дека животниот стандард и инфраструктурата на европскиот Исток останува под нивото на европскиот Запад.

Изјавата на премиерот на Полска доаѓа во време кога се најавува дека во следната буџетска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година финансирањето на земјите од Централна Европа ќе биде намалено за  милијарди евра. Се смета дека тоа е делумно казнена мерка против Полска и Унгарија поради непочитување на владеењето на правото и одбивањето да прифатат мигранти. (МИА)

Коронавирус