сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Моралес во убедливо водство на изборите во Боливија

Моралес во убедливо водство на изборите во Боливија

Актуелниот претседател на Боливија Ево Моралес е во предност за 10 проценти во однос на својот главен ривал на претседателските избори, Карлос Меса, покажуваат официјалните резултати од досегашното пребројување на гласовите.

Врз основа на 98 отсто од обработените гласови, Моралес освои 46,76 отсто од гласовите.

Доколку продолжи овој тренд, Моралес, кој веќе 14 години е на чело на Боливија, би победил во првиот круг од претседателските избори, одржани во неделата.

Моралес е единствениот јужноамерикански лидер останат од времето на таканаречената „розова плима“ – доминација на левицата на континентот во првата деценија од 21 век. Тогаш Чиле и Колумбија беа единствени јужноамерикански земји каде на власт беше десницата, додека денес левицата е на власт уште во Боливија, Венецуела, Еквадор и Уругвај.

Моралес се бори за четвртиот претседателски мандат. За време на неговите три мандати Боливија забележа силен економски напредок, пораст на платите и намалување на стапката на сиромаштијата.

Тој е припадник на автохтониот народ Ајмара, а на власт дојде во 2005 година откако вети дека се ќе национализира. Но, неговата партија Движење кон социјализмот (МАС) се покажа многу попрагматична отколку што сугерираше реториката.

Меса, кандидатот на коалицијата Граѓанска заедница е поранешен новинар, кој беше претседател на Боливија од октомври 2003 до март 2005 година. Тој е кандидат на коалицијата Граѓанска заедница. Меса го обвинува Моралес за авторитарни склоности и за пораст на корупцијата.

Коронавирус