четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 50
home Вести

Мора да го знаете ова ако сте вакцинирани со Синофарм 

Мора да го знаете ова ако сте вакцинирани со Синофарм 

Третата доза на кинеската вакцина Синофарм против коронавирус го зголемува нивото на антитела, кои се намалуваат неколку месеци по добивањето на втората доза, покажа студија спроведена во Кина.

Студијата, која допрва треба да биде потврдена од други научници, е објавена во време кога третата доза од вакцината се дава на ризичните групи во Кина, од страв дека заштитата ќе ослабне со текот на времето, пренесе Гласот на Америка.

Пет месеци по повторната вакцинација со Синофарм, нивото на антитела опаѓа за 70 отсто во споредба со нивото достигнато четири недели по втората доза на вакцината, покажа студија во која учествуваа здравствени работници. Но, една недела по третата доза, концентрацијата на антитела повторно се зголемува.  (МИА)

Локални избори 2021