четврток, 28. септември 2023. Вести денес: 123
home Вести

Монструозно злосторство полошо од хорор филм: Заклале 21-годишно момче, а тоа не е најстрашното што го направиле (ВИДЕО)

Монструозно злосторство полошо од хорор филм: Заклале 21-годишно момче, а тоа не е најстрашното што го направиле (ВИДЕО)

22-годишен диригент и неговата 12-годишна пријателка, со која биле потстанари кај 21-годишниот Александар Попович, го заклале, а потоа му го распарчиле телото и го јаделе.

Жителите на руското место Новинка се во шок, откако дознаа на каков брутален начин загинал 21-годишниот вљубеник во поезијата, Александар Попович.

Тој живеел во стан што го делел со двајца потстанари , 22-годишниот диригент Аркадиј Зверев и 12-годишната Валерија. Малолетничката, по потекло од Сочи, избегала од своите родители и полицијата ја водела како убиена.

Но, ноќта во средата, откако Александар се вратил од роденденот на својот 18-годишен брат Никита, таа го заклала со повеќе убоди со нож . Потоа, заедно со Аркадиј исекле делови од неговото тело, ги печеле и ги јаделе, зашто наводно биле гладни. Утрото соседите виделе дим од станот на Попович и се јавиле кај неговата мајка.

Таа го пратила синот Никита, кој затекнал сцена од хорор. Главата на неговиот брат била во микробрановата печка, а делови од телото расфрлани низ станот. Наскоро убијците биле уапсени во близина на станот.

Тврделе дека Александар им барал за кирија, иако му платиле 1 000 рубљи за овој месец. Валерија, наводно го заклала зашто ја навредил, а Аркадиј страдал по својата девојка, која пред извесно време паднала од балкон на 8 кат и бил несвесен што прави. Додека раскажувал што се случило, повраќал.

Кога видел дека чадат парчињата месо од убиениот, избегале низ прозорецот.

Попович бил мирно момче, кое сакало поезија и филмови. Лани го напуштил факултетот и не работел ништо. Станот што го издавал, го наследил од татко му, кој починал пред десет години.