четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 138
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Монструозно долги редови: Ајфеловата кула е затворена!

Монструозно долги редови: Ајфеловата кула е затворена!

Симболот на Париз, Ајфеловата кула е затворена поради штрајк на вработените, кои негодуваат поради долгите редови на туристи кои сакаат да се качат на 324 метри високата атракција.

Управата на Кулата и претставниците на синдикатот не успеале да постигнат договор во врска со новиот систем на пристапот на туристите на Ајфеловата кула.Од нов систем според вработените создавал монструозно долги редови на посетители, пренесува АП.

Инаку новиот систем е воведен од јули, тој предвидува одвоени лифтови за повеќе видови на карти, а вработените тврдат дека таквиот начн на работа ги исцрпува.Поради тоа што тие морале да се соочат со се понервозните туристи.

Минатата година околу 6 милиони туристи се качиле на Ајфеловата Кула од околу 40 милиони посетители на Париз.

Коронавирус