четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 69
home Вести

Монструозни детали од куќата на стравот: Низ каква голгота поминаа 13 деца кои едвај го преживеаја мачењето од родителите? (ВИДЕО)

По апсењето на брачниот пар полицијата открила дека децата биле затворени во куќата и не смееле да излегуваат без дозвола, а некои биле во окови и не можеле да се движат.
Монструозни детали од куќата на стравот: Низ каква голгота поминаа 13 деца кои едвај го преживеаја мачењето од родителите? (ВИДЕО)

Полицијата која го истражува случајот со родителите монструми, Дејвид и Луиза Турпин од Калифорнија, кои ги држеле оковани и ги мачеле своите 13 деца, ќе ја пребараат куќата на стравот во Перс уште еднаш и тоа со кучиња, за да се уверат дека нема скриени лешови од деца, кои на ја преживеале тортурата.

Против 57-годишниот Дејвид и 49-годишната Луиза отворено е обвинение за мачење, киднапирање, злоставување и задржување на возрасни лица и занемарување на деца.

Дејвид Турпин е обвинет и за употреба на сила и закана, а обвинителот истакнал дека станува збор за начинот на кој таткото оковал една од своите ќерки. Полицијата најверојатно ќе бара и ДНК тестирање за сите деца, за да се утврди дали Дејвид и Луиза им се биолошки родители. Децата на возраст од 2 до 29 години моментално се наоѓаат на лечење во локални болници, а пред нив е долго заздравување.

По апсењето на брачниот пар полицијата открила дека децата биле затворени во куќата и не смееле да излегуваат без дозвола, а некои биле во окови и не можеле да се движат.

-Сите биле неухранети и изгладнети бидејќи нивните родители им ги ускратувале основните животни потреби, како храна или одење во тоалет. Некои од децата воопшто не знаеле што значи полицаец или лекар, пренесува “Daily Mail”.

-Ако во училиште не научите што е полицаец, тоа го учите во допир со надворешниот свет. Ако нешто ви е сосема непознато, тоа докажува под каква контрола живееле децата. Освен траумата која ја доживеале досега, ќе дојде и културолошкиот шок кога ќе почнат да откриваат се, рече Патриша Косталес, социјална работничка и психолог, шеф на центарот за давање на психолошка помош на деца.

Косталес верува дека на децата ќе им бидат потребни години терапија и дека би било најдобро да не се раздвојуваат. Најмалото, 2-годишно дете, би требало најбрзо да заздрави, а Косталес верува дека со малку труд сите би можеле да водат нормален живот. Сепак, додала дека некој што преживувал такво насилство 20 години, ќе има многу повеќе проблеми.

Психилогот Џесика Борели истакнала дека одвоеноста од родителите, па и од ваквите монструми, децата тешко ја поднесуваат. Обвинителите изјавиле дека доказите покажуваат дека децата биле казнувани со претепување и давење. Смееле да се тушираат еднаш годишно. Ги држеле будни навечер, а оделе да спијат во околу 4 или 5 часот наутро.

Ако некое дете ги измиело рацете над зглобовите, било казнувано поради “играње со вода”.

На децата им давале само еден оброк дневно, а понекогаш купувале храна и ја оставале на места каде децата не можеле да ја дофатат, туку само да гледаат во неа. Децата никогаш не бил на забар и не добиле никаква медицинска нега во повеќе од четири години. Децата не се образовани.

Да потсетиме, децата биле пронајдени оковани за кревет. Најстарата, 29-годишната ќерка, имала само 37 килограми кога ја пронашле. Една од ќерките успеала да побегне и да повика полиција. Родителите на суд изјавиле дека не се чувствуваат виновни.