четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Монструмот осуден: Доживотна казна затвор за милионерот кој уби и на парчиња исече новинарка во подморница

Монструмот осуден: Доживотна казна затвор за милионерот кој уби и на парчиња исече новинарка во подморница

Данскиот милионер, 47 годишниот Питер Медсен денеска е осуден на доживотна казна затвор поради убиството на шведската новинарка, 30 годишната Ким Вал во неговата подморница.

Обвинителите истакнале дека Медсен планирал да ја убие новинарката. Медсен изјавил дека ќе вложи жалба на пресудата на данскиот суд.

Тој негира дека ја убил новинарката, тврдејќи дека случајно починала во подморницата, а признал дека нејзиното тело го исекол на парчиња и нив ги фрлил во морето.

Полицијата го уапси Медсен на 11 август минатата година, кога се појавил без Вал, со која испловил во својата рачно направена подморница претходниот ден.

Полицијата пак торзото кое водата го исфрлила на брегот во Копенхаген, идентификувале дека и припаѓа на Вал. Покасно се пронајдено и останатите делови од телото.

Локални избори 2021