четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Монструмот не се кае за убиството на 12 лица: Иако цел живот ќе остане во затвор, неговите изјави влеваат страв и гнев (ВИДЕО)

Монструмот не се кае за убиството на 12 лица: Иако цел живот ќе остане во затвор, неговите изјави влеваат страв и гнев (ВИДЕО)

Во текот на бруталниот напад, тој слушал техно музика, па на тој начин ги пригушил криците на своите жртви. Во овој напад биле повредени најмалку 70 луѓе, а настрадале 12.

Мажот кој бил осуден на 12 доживотни робии и на казна затвор од повеќе од 3.000 години, поради убиство на 12 лица во кино во Денвер во јули 2012-та година, ги предупредил затворските власти дека би можел повторно да убива, пренесува “Independent”.

Џејмс Холмс влегол во кино салата во текот на емитувањето на филмот “Batman: The Dark Knight Rises” во Аурора во предградието на Денвер, а потоа отворил оган на луѓето кои се нашле таму.

Во текот на бруталниот напад тој слушал техно музика, па на тој начин ги пригушил криците на своите жртви. Во овој напад биле повредени и најмалку 70 луѓе.

Поротата на судењето го отфрлила тврдењето дека боледува од ментална болест. Ја избегнал смртната казнам, но затоа бил осуден на 12 годишни робии, плус уште 3.318 години затвор.

Американските обвинители сега објавиле видео на кое се гледа како Џејмс зборува за масакрот кој го извршил. Разговарал со Вилијам Реид, судски специјалист кој на судењето го оценувал неговиот здрав разум.

Запрашан да одговори дали претставува опасност, тој рекол дека ако веќе еднаш убил, веројатно истото ќе го повтори.

На прашањето дали затворските власти треба да бидат загрижени кога е тој во прашање, Холмс одговорил дека би требало.

Истакнал дека немал никакво план кога тргнал да ги изврши убиствата. Не знаел дали ќе загине после масакрот.

Додал дека му било непријатно кога полицајците му ставиле лисици на рацете, но дека немал други емоции кои се однесуваат на тој случај.

Повеќето од снимките биле прикажани на судењето на Холмс во 2014-та.

Коронавирус