понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 106
home Вести

Монструм убивал деца и ги јадел: Еве каде заврши неговото тело откако било изложено во музеј

Монструм убивал деца и ги јадел: Еве каде заврши неговото тело откако било изложено во музеј

Си Квеј (32), сериски убиец канибал, чии што жртви биле деца, конечно е кремиран, откако неговото балсамирано тело со децении било изложено во музеј во Тајланд.

Квеј бил осуден дека убил седум деца, а потоа нивните остатоци ги варел и ги јадел. На судењето ги признал и убиство на бебе, но тврдел него не го изел. Тој бил застрелан во 1958 во Бангкок, по што неговото тело било балсамирано и изложено во медицински музеј, каде што стоело до минатата година, кога групите за заштита на човекови права покренале петиција во која се бара телото да биде острането.

Тој бил кремиран и погребан по будистички ритуали во храмот Нонтхабури, кој се наоѓал во близина на Бангкок.

Доктор Прасит Ватанапа, професор на Медицинскиот факултет кажал дека телото на Квеј било изложено како предупредување.

-Прикажувањето на неговото тело требаше да ги натера луѓето да сфатат дека, ако направата злочин, ќе има и казна. Сепак, групите за заштита на човекови права истакнаа дека доаѓа до злоупотреба, и ние тоа го сфативме, изјавил Ватанапа.

Родителите на Тајланд, името на монструмот Квеј го користат како закана за децата: „Биди добар или ќе дојде Си Квеј и ќе те земе“

Полицијата во средината на минатиот век, успеала да ги пронајде остатоците на четири од седумте жртви кои Си ги сварил и ги изел. Останатите три никогаш не биле пронајдени.

Храмот во кој денес Квеј е кремиран, се наоѓа веднаш до озлогласниот затвор Банг Кванг, во кој Си ги поминал своите последни денови.

Коронавирус