недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 70
home Вести

Монструмот ја претепа Ивана, а сега „јунакот“ се плаши од заканите на останатите затвореници

Монструмот ја претепа Ивана, а сега „јунакот“ се плаши од заканите на останатите затвореници

Ѓорѓе Лацковиќ (24), кој што на ѕверски начин ја претепа Ивана Филиповиќ (22), после сослушувањето и откако е ставен во притворско оделение добил закани од останатите затвореници, откако се расчуло како ја мачел својата евојка.

-Земајќи го во предвид фактот дека се наоѓа во притворско оделение одма се дозна се што правел и тој е свесен дека во затворот не сакаат луѓе кои што тепаат жени и деца. Доколку затворенците го дофатат нема лесно да помини, но тука се чуварите за да спречат такво нешто, открива извор за српски Телеграф.

Колку бес навлекол на себе се гледа и по коментарите на социјалните мрежи: „Искрено се надевам дека во затворот ќе ти направат 100 пати полоши работи, монструм малоумен“, “ќе бидеш е*ан внатре, а и кога ќе излезеш“, „заслужува да цркне во најголеми маки“, „да се распадне полека, ама болно“, коментираат дел од гневните луѓе.

Инаку, 24-годишниот Ѓорѓе Лацковиќ, кој е уапсен откако брутално ја претепа својата девојка 22-годишната Ивана во нивниот изнајмен стан во Нови Сад, во полиција изјавил дека не сакал да ја повреди „до толку“.

Полудев од љубомора. Ја тепав Ивана, но не сакав да отиде толку далеку, да ја унакзам. Жал ми е, вака се правдал вчера во Основиот суд Ѓорѓе, кој ѕверски ја претепал и мачел својата девојка.

После изживувањето врз девојката тој со мотика ѝ скршил 4 ребра, ја сечел со нож по лицето и нозете, ја фрлал кон радијатор и ѝ ги горел рацете со пегла.

Ѓорѓе истиот ден е уапсен, а вчера е изведен пред суд во Нови Сад, после што му е одреден 30-дневен притвор.