Човек кој во Манчестер сексуално злоставуваше жена и психички и физички, пред очите на нејзиниот мал син е осуден на 18 години затвор.
35- годишниот Крег Морган три дена без престан физички, психички и сексуалноја злоставувал жената пред очите на малото дете. Несреќната жена се здобила со неколку повреди од кои и скршеница на ногата, а манијакот ка оставил жената крвава и неспособна да оди.
Полицијата соопшти дека злоупотребата почнала на 8 февруари кога Моран ја посетил жената во нејзиниот дом и почнал да пие. Нејзиниот син бил присутен во тој момент.
По нападот, украл дел од нејзините лични предмети и заминал.
Кога следниот ден жената отишла во неговиот стан за да си ги врати работите, тој брутално ја претепал, сексуално ја нападнал и ѝ се заканил дека ќе умре.
Таа завршила со повреди на главата, лицето, раката и нозете.
Два дена подоцна таа тешко повредена била пронајдена од брачна двојка, кои ја пренеле во болница. Таму го известила медицинскиот персонал за тоа што се случило со неа по што случајот бил пријавен во полиција.
Полицијата набргу го лоцирала и го уапсила Моран, а тој подоцна се изјаснил за виновен во судот за напад, принудување на секс, смртни закани и противење при апсење.
Craig Moran, 34 years, from Rochdale has been jailed for 18 years for subjecting a woman to physical, sexual and psychological abuse in front of her young son. pic.twitter.com/Css3l47P6Z
— GMP Pennine (@GMPPennine) August 23, 2019