понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 135
home Вести

Монсанто на овој човек ќе мора да му исплати милионска отштета: Откри дека овој производ предизвикува рак, а тоа ќе го плати со живот

Монсанто на овој човек ќе мора да му исплати милионска отштета: Откри дека овој производ предизвикува рак, а тоа ќе го плати со живот

Монсанто на овој човек ќе мора да му исплати милионска отштета: Откри дека овој производ предизвикува рак, а тоа ќе го плати со живот

Озогласената компанија Монсанто ќе мора да исплати 289 милиони долари на школски редар кој тврди дека нивното средство за хигиена предизвикувало терминален рак.

Монсанто најави дека ќе се жали на одлуката на калифорнискиот суд, но оваа пресуда ќе охрабри многумина кои тврдат дека поради средствата на оваа компанија добиле Нон-Ходгиков лимфом.

Дивејн Ли Џонсон со години како редар го одржувал училишниот двор користејќи ги средствата на Монсанто , „Roundup“ и „Ranger Pro“, поради кои се разболел.

-Поротата заклучила дека Монсанто знаел што прави погрешно, но дека продолжиле да работат занемарувајќи ги човечките живот. Ова треба да прати силна порака до одборот на Монсанто, кажа Роберт Кенеди Јуниор, адвокат на болниот редар.

Џонсон како редар со споменатото средство работел 20 до 30 пати годишно. Два пати дошол во директен контакт со производот поради незгода. Последниот пат се случило во 2012 година, а само две години подоцна му дијагностициран опасен вид на рак, на само 42 години.

Уште повеќе, Џонсон дури еднаш ја контактирал компанијата кога му се појавил осип. Никогаш не му се јавиле назад.

Џонсон сега е на смртна постела, а судење било забрзано баш поради тоа што докторите му предвидуваат краток животен век.

Заменик претседателот на Монсанто, Скот Патриџ изјави дека компанијата „сочувствува“ со Џонсон и неговото семејство, но дека стотици истражувања покажале дека не предизвикува рак.

Меѓутоа, Светската здравствена организација заклучила дека уште во 2015 година заклучила дека глифосат може да предизвика рак кај луѓето.

Исто така, дури и самата состојка да не е опасна, во комбинација со други хемикалии во средството на Монсанто секако станува смртоносна.

Коронавирус