вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 177
home Вести

„Монд“: Руски шпиони на француските Алпи имале главен камп за операции во Европа

„Монд“: Руски шпиони на француските Алпи имале главен камп за операции во Европа

Руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во цела Европа, објави денеска весникот „Монд“.

Според медиумот, 15 припадници на руското воено разузнавање биле активни на континентот од 2014 година, Тие последен пат преминале преку Франција во септември 2018 година.

Разузнавањето на Франција, Швајцарија и Велика Британија презеле операции за потрага по руските шпиони. Еден од тие 15 агенти бил идентификуван од британските служби како еден од тројцата извршители на анапдот во Солсбери во март минатата година во кој беше отруен со Новичок Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Весникот тврди дека шпионите немале никакви операции во Франција, но неколкупати биле во мали градови како Анмас, Шамони и во Евијан. Тие според медиумот, дејствувале во Велика Британија, Бугарија, Црна Гора, Крим, Молдавија.

Коронавирус