вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 5
home Вести

Момче од Охајо пронајдено мртво: Исчезна пред еден месец на пат до училиште, а сега е пронајдено во оџак

Момче од Охајо пронајдено мртво: Исчезна пред еден месец на пат до училиште, а сега е пронајдено во оџак

Полицијата смета дека мртвото момче кое беше пронајдено во оџак е всушност Харли Дили кој скоро пред еден месец исчезна на пат до училиште.

„Овој резултати од истрагата никој не го посакуваше, но…Барем сега семејството знае што се случило“, рекол вчера Роберт Хикмен, началник на полициската станица Порт Клинтон.

14-годишниот Харли последен пат бил виден на 20. декември во Порт Клинтон додека во утринските часови одел на училиште. Полицијата во потрагата по него со хеликоптери, полициски кучиња и службеници на терен, пребарала повеќе од 150 хектари подрачје, пренесува Си-Ен-Ен.

Во понеделникот полициски службеници ја истражувале викендичката која била во фаза на реновирање и во неа го пронашле телото на момчето. Немало никакви знаци на присилно влегување во куќата.

„Го пронајдовме капутот на Харли и неговите очила на спратот од куќата, покрај оџакот. Потоа го воочивме неговото тело кое беше заглавено во оџакот“, рекол Хикмен.

Обдукцијата била извршена во вторникот, а резултатите покажале дека веројатно станувало збор за несреќен случај.

„Изгледа дека Халри се качил на кровот и влегол во оџакот. Кога се нашол во него, јакната и очилата му паднале на подот, а тој се заглавил“, објаснил Хикмен.

Коронавирус