недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Момче јадело само чипс, помфрит и бел леб, па ослепело!

Момче јадело само чипс, помфрит и бел леб, па ослепело!

Тинејџер од Велика Британија го загубил видот поради лоша исхрана која се состоела исклучиво од чипс и од помфрит.

Лекарите тврдат дека ослепувањето е поради недостаток на витамини, бидејќи медицинските испитувања покажале оти нему му недостигаат повеќе витамини и минерали.

Откако го завршил основното училиште, тој јадел само чипс и помфрит, а повремено каснувал бел леб со шунка или колбас, пренесува „Би-би-си“.

Кога бил на преглед на 14 години се жалел на постојан замор и дека не се чувствува добро и тогаш ми било кажано дека има недостаток на витамин Б12.

Лекарите му препишале витамински таблети, но тој не ги сменил навиките во исхраната и три години подоцна останал без вид.

На докторката која го лечела и кажал дека има гадење од одредна храна и поради тоа не јадел.

-Ниту е дебел, ниту е неухранет, но состојбата му е таква што тој ги исполнува критериумите да биде прогласен за слеп. Има дијагноза нутритивна оптичка неуропатија која може да се лечи ако се открие на време. Ова е редок случај. Веганите имаат поголем ризик да заболат од проблеми поврзани со видот, изјави докторката која го лечи 17- годишното момче.

Дека едноличната исхрана може сериозно да го загрози вашето здравје, докажува и овој пример, затоа внимавајте.

Коронавирус