сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 95
home Вести

Могерини: Употребата на хемиско оружје е злостоврство против човештвото

Могерини: Употребата на хемиско оружје е злостоврство против човештвото

Европската Унија „најстрого ја осудува постојанaта употреба на хемиско оружје од страна на сирискиот режим“ истaкна во писмено соопштение високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, објавено по повод денешните воздушни напади на САД, Франција и Велика Британија.

– Во тој контекст бевме информирани за целните американски, британски и француски воздушни напади врз складиштата за хемиско оружје во Сирија. Овие специфични мерки се преземени со единствена цел да се спречи идна употреба на хемиско оружје и хемиски супстанци како оружје од страна на сирискиот режим за убивање на сопстениот народ, наведува Могерини.

Таа додава дека ЕУ ги поддржува сите напори за спречување на употребата на хемиско оружје и потсетува дека тоа претставува „воено злосторство“ и „злосторство против човештвото“.

Могерини изрази уште еднаш жалење што мандатот на заедничкиот истражен механизам при Организацијата за забрана на хемиското оружје, не е обновен од ноенври 2017. Овој механизам беше воспоставен со резолуција на Советот на безбедност на Обединетите нации.

Високата претставничка во име на ЕУ ги повикува Русија и Иран да го искористат своето „влијание за да спречат понатамошна употреба на хемиско оружје“ во Сирија.

– ЕУ повторува дека не може да има друго решение за сирискиот конфликт освен политичко. Наша заедничка цел е да спречиме ескалација на насилството што би го претворил сирискиот конфликт во поширока регионална конфорнтација со незамисливи последици за Блискиот Исток, како и за целиот свет. ЕУ ги повикува сите страни, особено режимот и нивните сојузници веднаш да го имплементираат прекинот на огнот и да обезбедат хуманитарен пристап и медициснки евакуации, како што заеднички е договорено со резолуцијата 2401 на Советот за безбедност на ОН, нагласува Могерини во соопштението.

МИА

Коронавирус