четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 178
home Вести

Могерини тврди дека Нетајанху не докажал дека Иран го крши договорот од 2015 година

Могерини тврди дека Нетајанху не докажал дека Иран го крши договорот од 2015 година

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини смета дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не докажал дека Иран го крши договорот од 2015 година.

– Тоа што го видов од првите извештаи е дека премиерот Нетанјаху не го доведе во прашање однесувањето на Иран кон договорот, изјави Могерини.

Таа додаде дека пред се МААЕ мора да процени дали Иран се придржува до договорот.

– МААЕ е единствена непристрасна, меѓународна организација задолжена за надгледување нуклеарни обврски на Иран, потенцираше Могерини.

Коронавирус