недела, 5. декември 2021. Вести денес: 44
home Вести

Модерна: Нашите вакцини се ефикасни кај деца на возраст од 12-18 години

Модерна: Нашите вакцини се ефикасни кај деца на возраст од 12-18 години

Компанијата „Модерна“ соопшти дека нејзината вакцина е 100 процентна ефикасна во испитувањата кај младите луѓе, исто како „Фајзер“, чија вакцина беше одобрена од Администрацијата за храна и лекови на САД (ФДА) за адолесценти на возраст од 12 до 15 години.

Во студијата во која учествувале 3.700 млади луѓе на возраст од 12 до 18 години, немало симптоматски случаи на Ковид-19 меѓу оние кои примиле две дози од вакцината. Со оглед на тоа што меѓу децата и адолесцентите и онака има помалку случаи, истражувачите биле водени од дефиницијата на Американскиот центар за контрола на болести (ЦДЦ), која вклучува и поблаги случаи. Применувајќи ја дефиницијата на ЦДЦ за само еден симптом плус позитивен ковид-тест, истражувачите од Модерна регистрирале 93 проценти ефикасност после една доза.

Компанијата соопшти дека немало сериозни несакани ефекти. Регистрирани се болка во раката, главоболка, замор и треска по втората доза. Сите оние кои учествувале во истражувањето ќе бидат следени во следните 12 месеци за да се обезбеди дека нема долгорочни ефекти.

Коронавирус