понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 51
home Вести

МНР на Кипар, Египет, Франција, Грција и ОАЕ ја повикаа Турција да ги почитува суверените права на сите земји во Источниот Медитеран

МНР на Кипар, Египет, Франција, Грција и ОАЕ ја повикаа Турција да ги почитува суверените права на сите земји во Источниот Медитеран

Министрите ја повикаа Турција целосно да го почитува суверенитетот и суверените права на сите држави во нивните морски зони во Источниот Медитеран, пишува во заедничка декларација на шефовите на дипломатиите на Кипар, Египет, Франција, Грција и Обединетите Арапски Емирати, јави дописничката на МИА од Атина.

Министрите за надворешни работи на петте земји вчера одржаа средба преку видеоконференција и разговараа за случувањата во Источниот Медитеран.

Во заедничката декларација, како што соопштија од грчкото МНР, министрите ги осудиле „тековните турски нелегални активности во кипарската ексклузивна економска зона и територијалните води“, како и „ескалацијата на турските прекршувања на грчкиот национален воздушен простор“.

-Освен тоа, министрите ја осудија и инструментализацијата на цивили од страна на Турција, во обидот нелегално да ги поминат грчките копнени граници, како и нејзината континуирана поддршка за нелегални премини на грчките морски граници, пишува во декларацијата, според соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција.

Во заедничката декларација, споменат е и турско – либискиот меморандум, како и ситуацијата во Либија, а шефовите на дипломатиите ги повикаа сите страни во земјата да се придржуваат до примирјето за време на Рамазан и „ја истакнаа нивната посветеност да работат за сеопфатно политичко решение за либиската криза под покровителство на Обединетите нации“. Паралелно изразиле желба за отпочнување на состаноците на Берлинскиот процес.

Министрите за надворешни работи на Кипар, Египет, Франција, Грција и Обединетите Арапски Емирати се договориле, да продолжат редовно со нивните консултации.

Коронавирус