петок, 24. јуни 2022. Вести денес: 0
home Вести

МНР на Кина: Генералниот директор на СЗО да избегнува неодговорни забелешки

МНР на Кина: Генералниот директор на СЗО да избегнува неодговорни забелешки

Кинеското Министерство за надворешни работи го повика генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, да избегнува „неодговорни“ забелешки.

Портпаролот на Министерството Џао Лиџијан реагираше поради изјавата на Тедрос, кој рече дека кинеската политика на нулта толеранција кон Ковид-19, не е одржлива.

Портпаролот на редовната конфереција за новинари ги бранеше кинеските мерки во борбата против пандемијата од коронавирусот. Тој додаде оти Кина се надева дека генералниот директор на СЗО може објективно да ја набљудува кинеската политика во борба против вирусот.

Коронавирус