недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Млечно лизгалиште во Германија: Во Рутен на улица смрзнаа 15.000 литри млеко (ФОТО)

Млечно лизгалиште во Германија: Во Рутен на улица смрзнаа 15.000 литри млеко (ФОТО)

Илјадници литри млеко замрзнаа на улица во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија, објави ДПА.

Непознати сторители минатата ноќ истуриле млеко од паркиран камионски танкер, соопшти денеска полицијата.

Возачот го паркирал камионот – цистерна во градот Рутен, во областа Зост, за да собере уште млеко од соседните фарми. Кога се вратил, околу 15.000 литри млеко било истурено на патот и замрзнато на температура од околу минус четири степени.

Млекото формираше лизгава површина по целата ширина на коловозот, соопшти противпожарната бригада.

Персонал од 20 лица го исчистија млекото од патот со помош на сол и вода.