недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Млада девојка запалена со бензин од страна на вереникот: „Подобро убијте ме“! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Млада девојка запалена со бензин од страна на вереникот: „Подобро убијте ме“! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Александра Кузмина (19) од Крим била полеана со бензин и запалена од страна на нејзиниот вереник Евгениј Бандарук (24).

Александра преживеа, но е во тешка состојба и се наоѓа во вештачка кома зошто 80 проценти од нејзиното тело е под изгореници. Кога стигнало возилото на итната помош таа во агонија само повторувала „Подобро убијте ме да не ја трпам оваа болка“.

Александра и Евгениј изнајмувале мал стан над бензинска пумпа на Јалта на Крим, каде работеле во текот на туристичката сезона. Бруталниот напад се случил токму во тој стан, кога, како што пренесоа медиумите, нејзиниот вереник дошол пијан дома и почнал да ја полева спалната соба со бензин, а потоа и Александра.

Наводно, Евгениј бил бесен поради начинот на кој Александра разговарала со друг маж. Олесија Кузмина, мајката на жртвата, раскажа за локалните медиуми, детали од нападот кои и се пренесени.

-Знам дека го кршел мебелот и се полевал со бензин, а потоа ја полеал и неа. Потоа се запалил, вели Олесија.

-Таа беше толку среќна, а тој се уништи. Никогаш нема да си ја поврати својата убавина, велат нејзините пријатели.

Напаѓачот, кој неодамна се верил со жртвата и самиот е повреден по многу полесно. Тој претрпел повреди на рацете и лицето, поради кои, со полициска придружба е префрлен во болница. Нему ќе му се суди за обид за убиство, а доколку биде осуден, би можел да добие казна од 20 години затвор.

 

Коронавирус