недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Млада албанска брачна двојка се обидела да прошверува 5 килограми кокаин- еве ги деталите

Млада албанска брачна двојка се обидела да прошверува 5 килограми кокаин- еве ги деталите

Млада албанска брачна двојка е приведена на аеродромот Фјумичино во Рим, откако во нивните патни торби биле откриени пет килограми кокаин.

Сопружниците, кои се враќале од Сао Паоло, Бразил, каде наводно биле на меден месец, преку Рим требало да го продолжат патувањето за Тирана.

Чудното однесување на младенците, уште при првото прашање при контролата на документите, условило полицијата да се посомнева.

-Жената веднаш почнала да објаснува дека е бремена,по што сопругот извадил екограф на бебето,тврдејќи дека  станува збор за ризична бременост,со цел да го отргне вниманието на полицајците. По конролата на торбите пронајдени се неколку пакувања со пет килограми чист кокаин- пренесува тиранската телевизија Ора њуз,повикувајќи се на  сооштението на италијанската полиција.

Според италијанските власти дрогата можела да се подготви во 100.000 дози  во вкупна вредност од два милиона евра.

Брачната двојка ќе одговара за кривично дело „меѓународна трговија со дрога“.

Коронавирус