вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Вести

Мјанмар: Ослободен уапсениот јапонски новинар

Мјанмар: Ослободен уапсениот јапонски новинар

Јапонскиот новинар Јуки Китазуми, уапсен во април во Мјанмар под обвинение за ширење лажни вести, е ослободен и се враќа во татковината, јави новинската агенција Кјодо.

Новинарот вчера бил префрлен од затвор во полициска станица и денеска е одведен на меѓународниот аеродром Јангон. Во текот на денот тој треба да отпатува во својата татковина.

Китазуми беше уапсен на 19-ти април. Доколку беше прогласен за виновен, можеше да се соочи со затворска казна од пет години. Китазуми, кој работи како хонорарен новинар, известуваше за илјадници протести против воената хунта во земјата за многу големи јапонски новински агенции и медиуми, бидејќи тој е еден од ретките странски репортери таму.

ЕУРО 2020

Македонија