сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мистерија во познато летувалиште- тројца туристи изненадно починале

Мистерија во познато летувалиште- тројца туристи изненадно починале

Пет дена откако пар од Мерлиенд беше пронајден мртов во хотелска соба во Доминканската република во истото туристичко одморалиште починала и жена од Пенсилванија.

41-годишната Миранда Шоп Вернер само што се пријавила во хотелот и земала пијалок од мини-барот се срушила и починала. Разговарала со својот сопруг со кој славела годишница од брак, па одеднаш се онесвестила и набрзо починала.

-Во еден момент почувствувала силна болка и побарала помош од сопругот, па потоа се онесвестила – изјавил нејзиниот роднина Џеј Меконалд.

Веднаш била повикана Итна помош, но на жената ѝ немало спас, починала во хотелската соба.

Во истото одморалиште пронајден е мртов пар од Мериленд, само во друг хотел. Вработените од хотелот забележале дека 63-годишниот Едвард Натаниејл Холмс и 49-годишната Синтија Ен Деј не се одјавиле во договореното време па отишле да проверат дали е се во ред.

Ги пронашле мртви.

Кога семејството на Миранда слушнало за нивната смрт, го контактирале Министерството за надворешни работи на САД и укажале на сличности во двата случаи.

-Миранда беше здрава пред својата смрт. Прво мислевме дека е несреќен случај, но сега не сме сигурни – рекол Мекдоналд.

Коронавирус