вторник, 27. септември 2022. Вести денес: 159
home Вести

МИСТЕРИЈА: Исчезна и бродот што го бараше урнатиот авион

МИСТЕРИЈА: Исчезна и бродот што го бараше урнатиот авион

Малезиската влада кон почетокот на годинава ја ангажираше компанијата ,,Ocean Infinity “ за да ги најде остатоците од авионот што пред четири години без трага исчезна во водите на Индискиот океан.

Бродот тргна во потрага на 22 јануари , но по десет дена мистериозно исчезна од радарите .

Цели три дена немало никаква трага ниту контакт со бродот. По три дена наеднаш се појави сигнал на радарите, што го лоцирале бродот надвор од територијата што требало да ја пребара. Нема информации каде пловел бреодот тие три дена , ниту како е можно да нема никаква комуникација .

Семејствата на исчезнатите патници во авионската несреќа сега бараат од владата и од компанијата да им објаснат каде патувал бродот три дена и дали нешол некаква трага од авионот.

Експертите сметаат дека бродот намерно ги исклучил сите врски за да не им создава дополнителна траума на членовите на семејствата .

Во авионот што леташе од Куала Лумпур кон Пекинг на 8 март 2014 имало 239 патници и членови на екипажот .

Пред исчезнувањето од радарот, авионот направил нагло свртување кон Индискиот океан, по што му се губи трагата .

Коронавирус