сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 55
home Вести

Мислеле дека е мртов, па го ставиле во комора за замрзнување – излегол жив по 20 часа (ВИДЕО)

Мислеле дека е мртов, па го ставиле во комора за замрзнување – излегол жив по 20 часа (ВИДЕО)

Индиската полиција спасила 74-годишник од замрзнувач во кој што го чувал неговиот брат, откако семејството претпоставило дека починал.

Баласубраманијан Кумар бил толку болен што повеќе не можел да стане од кревет, кога неговото семејство забележало дека тој престанал да се движи во понеделникот попладне.

Под претпоставка дека тој починал, семејството побарало да им се достави кутија за замрзнувач за да можат да го задржат телото додека ги извршат последните ритуали.

Меѓутоа, кога вработен од компанијата за замрзнувачи дошол да го земе следниот ден, тој забележал дека неговото „тело“ дава знаци на живот.

Тој им се јавил на членовите на семејството и кога провериле, сфатиле дека Кумар сè уште дише, а потоа повикале помош. Извештаите на локалните медиуми наведуваат дека мажот поминал околу 20 часа во замрзнувачот.

Заменик-инспекторот Рајасекаран за „Индипендент“ изјавил дека претставник на компанијата за замрзнувачи ги повикал во куќата во вторникот и дека бил покренат случај против членовите на семејството кои го прогласиле несреќниот човек за мртов без соодветен лекарски надзор.

Бил покренат случај за несовесно однесување со цел да се загрози човечки живот, дело што го загрозува животот или личната безбедност на други.

Инцидентот го привлече националното внимание по видеорепортажата на која се гледа видео снимката на која Кумар се грчи во замрзнувачот.

На видеото може да се слушне како човек вели дека неговиот брат е мртов, дури и додека човекот зад камерата му кажува дека раката на господинот Кумар се тресе во кутијата.

Кумар веднаш бил изнесен од замрзнувачот и итно пренесен во локалната болница, каде сè уште се наоѓа на лекување.

Коронавирус