понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Министерството за правда на САД ја истражува полицијата во Минеаполис

Министерството за правда на САД ја истражува полицијата во Минеаполис

Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд изјави дека Министерството за правда на САД ќе започне истрага за полицијата во Минеаполис, објавија американски медиуми.

Проверката ќе ги опфати полициските практики – од прекумерна употреба на сила до дискриминација на лица со здравствени проблеми.

Истрагата е објавена откако поротата одлучи да го осуди поранешниот полицаец Дерек Шовин за убиството на Џорџ Флојд.

На прес-конференција, Гарланд истакна дека истрагата ќе процени дали полицијата во Минеаполис е поврзана со модел или практика на прекумерна употреба на сила, вклучително и за време на протести.

Претходно, Гарланд вети дека борбата против полициското самоволие ќе биде приоритет.

Американскиот претседател Џо Бајден ја оцени одлуката на поротата како „огромен чекор“ кон правдата во САД.

Претходно, Министерството за правда објави истрага во која ќе се процени дали оние кои се вмешани во смртта на Флојд ги повредиле неговите граѓански права.

Коронавирус