среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Министерството за финансии на САД воведе санкции за физички и правни лица поврзани со елитни ирански сили

Министерството за финансии на САД воведе санкции за физички и правни лица поврзани со елитни ирански сили

Министерството за финансии на САД соопшти денеска дека воведува санкции за лица и организации, кои се дел од мрежата за финансирање на  Корпусот на револуционерната гарда на исламската револуција- елитна иранска војска.

Ова се првите санкции наложени на Иран откако американскиот претседател  Доналд Трамп во вторникот соопшти дека неговата земја се повлекува од Договорот за нуклеарна програма на Иран од 2015 година.

Санкциите се наложени на шест лица од Корпусот на револуционерната гарда на исламската револуција и три ирански правни лица. Тие се обвинети дека се дел од една голема мрежа за размена на валута помеѓу Обединетите Арапски Емирати и Иран.

Мрежата доставила и пренесувала милиони долари на елитните делови „Кудс“ на Корпусот на револуционерната гарда на исламската револуција.

МИА