петок, 4. декември 2020. Вести денес: 98
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Вести

Министерот за здравство вмешан во афера, па хрватскиот премиерот го разреши

Министерот за здравство вмешан во афера, па хрватскиот премиерот го разреши

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го разреши од должност министерот за здравство Милан Кујунџиќ, како резултат на аферата со недвижности, објави хрватскиот портал Индекс.

Кујунџиќ вчера, по разговорите со Пленковиќ, им изјави на новинарите дека го става мандатот на располагање и премиерот треба да одлучи дали ќе го смени.

На прес-конференцијата, на која се појави со адвокат, тој истакна дека моралот не му дозволува да поднесе оставка.

Аферата со недвижности се појави врз основа на несразмерност во имотниот лист и вистинската имотна состојба на Милан Кујунџиќ.

Инцидентот, кој се случи пред една од неговите куќи, кога обезбедувањето нападна новинарка на весникот „Слободна Далмација“, само ја влоши положбата на Кујунџиќ, кој тврди дека некои интересни групи наводно водат кампања против него. (МИА)

Коронавирус