среда, 23. септември 2020. Вести денес: 122
home Вести

Министерот за надворешни работи на Франција во посета на Атина

Министерот за надворешни работи на Франција во посета на Атина

За проширувањето на Европската унија и за Западен Балкан, меѓу другото, ќе разговараат министрите за надворешни работи на Грција и Франција на нивната денешна средба во Атина.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на француската дипломатија и министер задолжен за европски прашања, Жан-Ивес Ле Дриан, денес е во работна посета на Грција на покана на неговиот грчки колега.

– Разговорите на двајцата минстри ќе бидат околу темите за билатералната соработка, темите што се од европски интерес (иднината на Европа, Брегзит, политиката за проширување на ЕУ, Западен Балкан) развојот на настаните на Блискиот Исток (мировниот процес, Иран, Либија) и Источниот Медитеран, соопштуваат од грчкото МНР.

Средбата е закажаан за 14 часот по локално време, по што ќе следи прес конференција.

МИА

Коронавирус