четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 115
home Вести

Минат прагот од 40 милиони вакцинирани лица во Франција

Минат прагот од 40 милиони вакцинирани лица во Франција

До денеска  60 отсто од француското население примило барем една доза од вакцината против Ковид-19. Само во последните две недели биле вакцинирани четири милиони лица, јави дописникот на МИА.

-Заедно ќе го победиме вирусот. Продолжуваме!, порача претседателот Емануел Макрон, кој се наоѓа во посета на Пацификот, во Француска Полинезија, објавувајќи дека е надминат прагот од 40 милиони  вакцинирани луѓе.

„Дури 40 милиони Французи примија барем една доза вакцина или речиси 60 отсто од населението (+ четири милиони за петнаесет дена)“, напиша на својот  твитер профил францускиот претседател. (МИА)

Коронавирус