петок, 13. мај 2022. Вести денес: 159
home Вести

Мина опасноста од цунами по ерупцијата на вулканот во Тонга

Мина опасноста од цунами по ерупцијата на вулканот во Тонга

Цунамито предизвикано од вулканска ерупција на архипелагот Тонга предизвика „значителна“ штета во Нукуалофа, главниот град на архипелагот, изјави денеска премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, додавајќи дека заканата сега е прогласена за надмината.

Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами (PTWC) во 4 часот по средноевропско време соопшти дека заканата од цунами „главно помина“ во океанските земји, иако мали промени во нивото на морето се можни уште неколку часа.

-Цунамито имаше значително влијание врз северниот брег на Нуку’алофа, каде што чамци и големи камења беа фрлени на брегот, но нема информации за жртви, рече Ардерн, без да каже дали другите острови во архипелагот се оштетени.

Нов Зеланд во понеделник ќе испрати воен извидувачки авион да прелета над погодената област, доколку облакот од вулканска пепел го дозволи тоа.

Комуникацијата со Тонга е прекината откако ерупцијата во саботата го оштети подморскиот кабел, но премиерката Ардерн кажа дека нејзината влада контактирала со Високиот комесаријат на Нов Зеланд во главниот град на архипелагот.

Новозеландската премиерка додаде дека „во моментов нема позначајна ерупција“ и дека пепелта престанала да паѓа, но не може да се исклучи натамошна вулканска активност.

Во меѓувреме, САД соопштија дека се „подготвени да испратат помош за своите пацифички соседи“.

Вселенската снимка го покажа времето на ерупцијата на вулканот Хунга Тонга-Хунга Хаапаи во петокот на еден од ненаселените острови во архипелагот Тонга. Тој предизвика цунами што го зафати брегот на Тихиот Океан од Јапонија до САД и до Перу.

Коронавирус