среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 69
home Вести

Милениче во Словенија е заразено со корона

Милениче во Словенија е заразено со корона

Во Словенија е идентификувано животно позитивно на ковид-19.

Се работи за бел твор од видот Mustela putorius furo. Неговоте сопственици се заразени со вирусот.

„Во вторникот, за време на тестирањето, потврдивме инфекција со коронавирус на бел твор откако имаше тешкотии во варењето на храната. Животното потекнува од домаќинство во кое претходно била потврдена инфекција со вирусот корона кај сопствениците и цело време било во куќата заедно со нив. Така што, не претставува ризик за ширење на инфекцијата“, изјави Урош Крапеж, заменик-директор на Националниот ветеринарен институт од факултетот во Љубљана, објави Хина.

Тој изјави дека покрај луѓето, со коронавирус може да се заразат и творови како и неговите роднини од видовите глодари. Крапеж вели дека мачките и кучињата имаат помали шанси да се заразат. Претходно, во Данска е откриено дека имало куни кои се заразени со вирусот.

Коронавирус