сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 7
home Вести

Мигрант убил 17-годишна тинејџерка во Германија

Мигрант убил 17-годишна тинејџерка во Германија

Седумнаесет годишно девојче е убиено во германскиот град Сент Аугустин. Полицијата уапси 19- годишник од Кенија , кој добил германско државјанство.

Исчезнувањето го пријавиле родителите на девојчето во петокот. Тргнала во Бон за да се сретне со пријателка. Но , наместо на средба со пријателката , таа отишла во блиското прифатилиште за бегалци и азиланти каде што живеел Кениецот со германско државјанство, кого полицијата го именува како Брајан С. Тој дошол во Германија на двегодишна возраст и во меѓувреме добил државјанство во Германија.

Полицијата од петокот тргнала во потрага по девојчето со кучиња, а користела и хеликоптери и нуркачи , бидејќи трагата водела кон блиското езеро. На брегот на езерото била најдена облеката на девојчето и тоа во близина на азилантскиот камп. На крајот, истрагата ги довела до убиецот , кој признал дека го убил девојчето и нејзиното тело го скрил во азилантскиот стан.

Девојчето пред една недела се нашла со убиецот во кафуле во Бон, а полицијата тоа го утврдиле преку заедничките фотографии што тој ги објавувал на социјалните мрежи.

Се договориле повторно да се видат во неговиот азилантски стан, но таму дожло до кавга и азилантот се нафрлил и го убил девојчето.

Коронавирус