петок, 6. декември 2019. Вести денес: 83
home Вести

Мигрант се обиде да го преплива каналот Ламанш

Мигрант се обиде да го преплива каналот Ламанш

Еден 47-годишен Ирачанец морало да биде спасен неделава откако се обидел да го преплива Ламанш за нелегално да влезе во Велика Британија, пренесува „Франс бле“.

Ирачанецот успеал да преплива околу пет километри пред да бидат забележан во каналот во 06:30 часот изутрината од локалните риболовци, кои потоа ги предупредиле француските власти во владината канцеларија „CROSS Gris-Nez“.

Еден жандармерен брод бил испратен да го спаси човекот. По спасувањето, мигрантот бил пренесен во локалната болница, каде што му била дијагностицирана блага хипотермија.

Арно Шасери, специјалист за пливање, смета дека првите знаци на хипотермија кај мигрантот веројатно му се појавиле најмалку два часа пред неговото спасување.

„Има силни струи, треба да замислите реки со неверојатни струи што ќе ве одведат далеку на север”, рече тој.

Иако редок, случајот не е прв пат мигранти да се обидат да го препливаат каналот а што ги одвојува Франција и Велика Британија. Во 2015 година, двајца Сиријци се обиделе да преминат, но се удавиле, а нивните тела биле откриени во Холандија и Норвешка поради струите.

Претходно годинава, Комитетот за внатрешни работи на Долниот дом во Британија обелодени дека од јануари 2018 до февруари 2019 година, 739 мигранти се обиделе да го преминат каналот, при што 135 успеале да стигнат во Англија без да бидат пресретнати.

Иако поголемиот дел од мигрантите биле пресретнати од властите, 293 биле пренесени во Велика Британија од страна на граничната служба.