среда, 8. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Мицотакис: Направивме најдобра можна подготовка за туристичката сезона

Мицотакис: Направивме најдобра можна подготовка за туристичката сезона

Направивме најдобра можна подготовка, нема отстапки во прашањата поврзани со безбедноста и јавното здравје, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешната владина седница, говорејќи за почетокот на туристичката сезона.

На безбедноста на граѓаните и заштитата на јавното здравје се задржа и министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија „Скај’’. Тој рече дека се преземени сите неопходни мерки за да може земјата да ја гарантира безбедноста и на туристите и на локалното население, но и на туристичките работници.

-За нас, од стратешка важност се и економијата и туризмот, но секогаш со главен приоритет здравјето, јавното здравје, безбедноста на граѓаните. Ова е динамичен начин како ќе одиме напред, ќе тестираме, ќе собираме податоци, рече Кикиљас.

Парламентарни избори 2020