вторник, 11. декември 2018. Вести денес: 34
home Вести

Мицкоски на средба со жителите на Конче: Бесперспективноста и игнорирањето од владата се работите кои го зголемуваат нивниот револт

Мицкоски на средба со жителите на Конче: Бесперспективноста и игнорирањето од владата се работите кои го зголемуваат нивниот револт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, по Струмица теренската посета ја продолжи во Конче каде имаше состанок со жителите и со Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Конче.

-Разговаравме за нивниот живот, условите и предизвиците со кои се соочуваат. Ми раскажаа за нивните маки, за проблемите во земјоделието и тешките услови за живот. Велат, бесперспективноста и игнорирањето од владата се работите кои го зголемуваат нивниот револт. Тоа мора да се промени. Конче мора да добие шанса за развој и да биде во фокусот на вниманието на властите како што мора да бидат и сите други делови од нашата држава, Македонија, пишува Мицкоски на Фејсбук.