сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 23
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

„МГ Франс“: Можно е од коронавирусот да се заразени повеќе од 1,6 милиони Французи

„МГ Франс“: Можно е од коронавирусот да се заразени повеќе од 1,6 милиони Французи

Синдикатот на лекари „МГ Франс“, е на ставот дека бројот на заразените од вирусот Ковид-19 е значително поголем од оној што го пријавуваат здравствените власти, јави дописникот на МИА.

Според официјалните податоци на француските здравствени власти, во земјата има 82.000 заразени лица. Но оваа бројка може да биде многу поголема, бидејќи во земјата не се спроведуваат масовни тестирања.

Синдикатот „МГ Франс“, проценува дека бројот на заразените од коронавирусот е околу 1,6 милиони французи, бидејќи многу не отишле на лекар и некои од заболените се здрави носители на вирусот.  

До вчеравечер во Франција од коронавирусот умреа 10.869 лица.

Мерките на ограничување, продолжени еднаш, најверојатно ќе бидат повторно продолжени. (МИА)

Коронавирус