недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 98
home Вести

Метален остров сред Каспиското море: Овде Советите некогаш тестирале моќни оружја, имале луксузен хотел и терен за кошарка

Метален остров сред Каспиското море: Овде Советите некогаш тестирале моќни оружја, имале луксузен хотел и терен за кошарка

Некогашното советско место за тестирање на најразлични оружја во Каспиското море денес е целосно напуштено и ги привлекува најљубопитните авантуристи.

Снимките направени со дрон покажуваат како изгледа напуштената фабрика „Дагдизел“ во руската сојузна република Дагестан, каде што некогаш работеле инжинери кои што развивале торпеда и друго оружје кое што пред сè било наменето за советската воена морнарица.

Станува збор за бетонско-метална конструкција од 5,200 квадрати, а се наоѓа на околу 2,7 километри од брегот.

Во рамките на оваа фабрика Советите изградиле и хотел со библиотека и кошаркарски терен. Целиот комплекс има три ката, а изградена е и контролна кула. „Дагдизел“, фабрика изградена во 1939-та година, официјално била затворена во 1966-та година.

Како што пренесуваат руските медиуми, кога оваа фабрика била изградена, инженерите уживале во „луксуз“, затоа што одредени простории биле опремени со паркет.

Сега, оваа локација е празна повеќе од 50 години и се распаѓа. Овој метален остров денес само ги привлекува авантуристите кои се во потрага по добра фотографија и добро видео.

Коронавирус